Мерцедес открија зошто се повторно сребрени

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, ја објасни одлуката на тимот по две сезони во доминантно црна боја да се вратат на традиционалната сребрена боја, заштитна за тимот.

Во одложената пандемиска 2020 година, Мерцедес се решија да ја засилат својата борба против расизмот и нееднаквостите и поради тоа го обоија болидот во црна боја, секако по “ќејф“ и на нивниот главен возач. Нивниот овогодишен В13 се враќа на традиционалната сребрена боја, иако има и доста црни елементи.

црната боја беше јасна намера за демонстрација на нашата мисија да застанеме во борба против расизмот. тоа стана дел од нашата днк, но сребрената е заштитна на “сребрените стрели“ и тоа е дел од нас, од нашата историја. мерцедес полека станува разнолик тим отворен за сите и во иднина нашите бои ќе бидат сребена та и црната.

зголемувањето на различностите во тимот е се до остварување на целта, рехгрутирање на најдобрите луѓе без разлика на етничката припадност, полот, религијата или сексуалната ориентација. нашата работа инспирира многу луѓе кои бараат инженерска работа во технолошки моторспорт – откри волф.

Месецов тимот објави дека имаат значителен напредок со својата Accelerate 25 програма чија цел е 25% од новодојденците во тимот да бидат од загрозени малцински групи, а минатата годиан такви биле дури 38%. Бројот на жените во тимот е зголемен од 12% на 14%. а бтојот на вработени од етнички малцинста е зголемен од 3% на 6%.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ