Монтоја: Не гледам како Мерцедес може да ги победи Ред Бул

Поранешниот Формула 1 возач, колумбиецот Хуан Пабло Монтоја, верува дека сезоната за Мерцедес е завршена во однос на овогодинешниот наслов во шампионатот.

Макс Верстапен води со 32 поени предност во однос на Луис Хамилтон во возачкиот поредок, додека Ред Бул иам 44 поени позитива во однос на Ред Бул кај конструкторите по 9 одработени трки сезонава.

моментумот е на страна на ред бул и на макс и на него му оди одлично. секоја недела е на врвот и не гледам како може да го победам затоа што немаат доволно во пакетот. не гледам како би го победиле – смета монтоја.

“Биковите“ победија на последните пет трки додека Верстапен стигна до три победи една по друга.

лесно е да држите се под контрола кога имате најбрз болид и се се одвиваво вистинска насока за вас. полесно е да се биде со ладна глава, да се испорачаат добри перформанси и се да биде како што треба. во моментов никој не може да претпостави дека верстапен реално нема да ја освои титулата годинава.

во моментов ред бул имаат најбрз болид, но луис е одличен возач, валтери врши одлична работа, а ред бул се класа за себе особено тој болид во рацете на макс.

серхио само ќе се подобрува на секоја следна трка и повеќе ќе се привикнува на болидот, така што тој сигурно дека уште повеќе ќе им ја отежни работата на мерцедес. фактот дека и мекларен одеднаш се вмешаа во врвот многу го загорчува животот во мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ