Најдобрата победа на Ред Бул според Хорнер е Абу Даби 2010

Кристијан Хорнер го предвореше тимот на Ред Бул до 84 победи во Формула 1, но една победа е посебна за него и таа не ја остварил Макс Верстапен. 

За Хорнер најдобра е победата на Себастијан Фетел во Абу Даби во 2010 година кога ја освои титулата. Пред последната трка на Јас Марина, Алонсо со Ферари водеше 15 поени пред германецот во генералниот пласман и беше фаворит за титулата. 

Но сепак, Фетел беше на пол позиција додека Алонсо стартуваше од 3то место на стартот. На шпанецот му требаше 4то место за да ја освои титулата, но тој заврши на седма позиција додека Фетел победи и ја освои првата титула, станувајќи најмладиот шампион во историјата. 

Мислам дека тој одеше против сите обложувања и победи на последната трка иако во ниту еден момент не беше водечки во поредокот. Алонсо беше фаворит, но Себ победи задржувајќи ги Фернандо и Марк зад себе за да стане шампион – се присетува хорнер.

Макс Верстапен има 28 победи зад себе, но сеуште е далеку од 38те на Фетел со Ред Бул. Хорнер не сакаше да ги спореди двајцата возачи. 

Двајцата се целосно различни, Себ сака да внимава на податоците и на секој дел на болидот. Тој последен ја напушташе патеката и на состаноците половина час го опишуваше само формацискиот круг.

Макс е поедноставен, ТОј е чист талент. Најгладниот возач за победа. Тој веднаш кажува што треба да се поправи и се однесува со инженерот како со брачен другар. секој круг дава по 110% од себе и го бара истото од тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ