Перез се сомнева во медиумска омраза кон мексиканците

Серхио Перез се сомнева дека има завера против мексиканците по најновата серија критики за неговите перформанси оваа сезона. 

Тој дојде до втората победа оваа сезона и повторно на улична трка, откако триумфираше низ улиците на Баку и се надева дека ги замолчал критичарите. 

Победата беше посебна за мене бидејќи имав неколку тешки трки во последно време – посочи чеко. 

Критиките доаѓаат откако во последните неколку месеци не можеше да му конкурира на Верстапен и се мачи со развојот на болидот. 

Очигледно во медиумите се преувеличуваат работите, можеби бидејќи сум мексиканец и не сум често на подиум. Но сепак, ете, победив за да ги потсетам колку сум добар. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ