Хамилтон: Нема да се казнам поради грешката

Луис Хамилтон изјави дека нема да се казне себеси поради грешката која ја направи и заврши на деветта позиција во Сингапур.

Тој беше четврт во текот на трката, но направи две грешки со излетувања и на крајот трката ја заврши на деветта позиција.

Знаев дека се е завршено тогаш, но се случуваат вакви работи. Нема да се казнам поради ваква грешка. Беа тешки услови за сите, a Проблемите се покажаа на дождоt –  посочи седумкратниот првак.

Хамилтон на почетокот имаше мал контакт со Саинз.

Помина добро и Тоа е тркањето. Главна причина што го спомнав тоа е дека ме исфрли од патеката. Тешкиот старт ме заглави зад Карлос. Не знам зошто беше бавен, но не бев доволно брз за да го стигнам. Заглавив зад него.

И покрај малкуте поени на трката тој имаше одлични квалификации.

Болидот на моменти беше добар, но не беше константен. Имаме позитивни моменти од овој викенд. Штета е што не освоив повеќе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ