Хорнер го искоментира дефицитот во однос на Ферари

Кристијан Хорнер ги сподели своите размислувања за тоа каде Ред Бул заостанале зад Ферари за време на првите тренинзи за Големата Награда на Франција.

Ферари беше на врвот на втората тренинг сесија со своите силни квалификациски симулации во пресрет на Француското Гранд При, а Карлос Саинз предводеше пред Шарл Леклер. Лидерот на Ред Бул во шампионатот, Макс Верстапен, беше трет најбрз, но со половина секунда зад водечкото темпо на Ферари.

Откако не постави репрезентативно време по круг, вториот Ред Бул на Серхио Перез беше уште една секунда зад Верстапен и падна на 10то место. И покрај тоа што заостануваа зад Ферари, тимскиот шеф на Ред Бул, Хорнер, беше оптимист од тркачкото темпо на РБ18.

Изгледаме конкурентни на медиум гуми, на меките, а на долги серии исто така изгледаме релативно добро.

Тоа беа само пет круга брзо возење, но во целина, има многу информации што треба да се разгледаат од таа сесија.

Хорнер беше прашан каде Ред Бул се мачат во однос на Ферари во еден круг.

Би рекол дека веројатно се работи за повеќе преден грип овде, веројатно во последниот сектор.

Мислам дека сме конкурентни во сектор еден, но ние сме многу конкурентни во секторот два. Секторот три е веројатно делот што треба да го средиме преку ноќ, но има многу што да се погледне.

Темпото на патеката Пол Рикар изгледа дека го продолжува сезонскиот тренд на Ферари генерално да има подобри перформанси во еден круг од Ред Бул. Сепак, Хорнер ја минимизираше важноста на брзите кругови на Ферари во Т2, сметајќи дека посилното темпо во трка ќе биде поголем фактор.

Ако го погледнете последното возење во период од пет или шест круга, тогаш мислам дека сме блиску. Толку беше тесно помеѓу двата тима во првите 11 трки, немам причина да верувам дека ќе биде толку поразлично овде.

Квалификациите не се толку важни како на другите патеки, затоа што можете да претекнете,  затоа мора да бидеме во првите неколку редови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ