Хорнер се прашува дали Рикардо сеуште ја сака Ф1

Кристијан Хорнер се прашува дали Даниел Рикардо е сеуште истиот тој кој беше заљубен во тркачката серија откако во Мекларен се зголеми притисокот да испораќа резултати. 

Австралијанецот има тешка сезона од почетокот на годинава и многумина се сомневаат дали може да му парира на својот брз колега, Ландо Норис. Неговиот поранешен шеф не верува во скоро подобрување. 

Даниел е одличен возач. Многу е брз и изненаден сум што не направи повеќе со Мекларен. Ландо е одличен и тој е дел од новата генерација што доаѓа. Мислам дека ова што се случува, се случува кога ќе се откажеш – смета хорнер.

Откако си замина од Ред Бул, Рикардо нема конкурентен болид иако се искачи на два подиума и имаше една победа, генерално тимот е во средниот ред. Неговиот договор истекува наредната година, а на големо се зборува дека тој ќе биде заменет со ѕвездата на Мекларен Индикар тимот, Пато О’вард. 

Хорнер смета дека недостатокот на самодоверба е причина за проблемите во спортот. 

ТОј е еден од најталентираните возачи во спортот, но нема самодоверба. Се чини дека го сака спортот, но мора да најде друг начин да го прави тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ