Шефот на Мерцедес, Тото Волф, преферира неговиот син да остане понастрана од Формула 1 и од тркањето.
Пред две години, сега 47-годишниот Тото доби син од својата сопруга Сузи Волф, поранешен тест возач на Вилијамс.
се надевам дека тој нема да стане тркач, пред се затоа што е опасно, но потоа затоа што не сум сигурен дека ќе уживам да го гледам син ми во картинг против други деца – изјави волф за германски Bild am Sonntag.
Сузи има Формула 3 и ДТМ искуство, а во моментов е шеф на Формула Е екипа, но и таа не сака синот да ја наследи во тркањето.
треба да најде други работи кои го интересираат и со кои ќе се занимава.