Магнусен смета дека неговиот инженер заслужува да оди во Мекларен

Кевин Магнусен смета дека Хозе Мануел Лопез, неговиот инженер за перформанси кој заминува од Хаас, заслужува подобра работа во Формула 1.

Медиумите шпекулираат дека шпанскиот инженер ќе потпише за Мекларен за да го замени Еднру Џарвис, инженерот на Ландо Норис кој го напушта Вокинг на крајот од оваа сезона.

тој заслужува подобра работа затоа што има неверојатни вештини и му посакувам се најдобро.

жал ми е шето ќе замине, но секогаш знаев дека таквиот квалитет ќе биде тешко да го задржиме кај нас.

тој е инженер кој сум го имал крај себе најдолго во мојата тркачка кариера и го почитувам многу поради што ќе седнеме на пиво пред за замине – објасни кевин за дански Ekstra Bladet.

Американски Хаас сеуште немаат соодветна замена за Лопез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ