Газпром демантираат влез во Ф1

Рускиот гигант во производството на природен гас, Газпром, ги отфрли шпекулациите кои велеа дека сакаат да се вратат во Формула 1 како спонзор.

Поранешниот долгогодишен спонзор на Минарди се велеше дека е во преговори со фабричкиот тим на Рено и со наследниците на Минарди, Торо Росо, за реклама вредна 35 милиони евра во 2020 година.

Русинот Даниил Квјат се трка за Торо Росо, така ќе биде и догодина, а тимот ќе се преименува во Алфа Таури, додека резервист на Рено е Сергеј Сироткин, ланскиот возач на Вилијамс.

шпекулациите велеа дека сакаме да станеме спонзор на некој формула 1 екипа. секако дека секој од нас може да стане спонзор, но ние немаме таков план и не работиме на тоа – изјави портпаролот на газпром, сергеѕ купријанов за новинската агенција tass.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ