Додавањето на Херез на овогодинешниот Формула 1 календар би биле одлични вести за Формула 1 и Шпанија, смета шпанскиот возач на Мекларен, Карлос Саинз, во пресрет на својата домашна трка.
Има гласини дека Формула 1 работат на целосен календар со најмалку 18 трки оваа сезона и се разговара со повеќе патеки низ Европа. Една од нив е Истанбул Парк која порано беше домаќин на Турското Гранд При и уште една е Херез каде Шумахер и Вилнев имаа контроверзен инцидент.
Не ги следам гласините. Лично мислам дека тркање дома во Барселона е одлично. Добро би било и Херез да се врати во Формула 1 – посака карлос.
Саинз наредната година ќе се префрли во Ферари не е задоволен со перформансите на неговата екипа за промена на гуми. Во последните пет трки тој имаше три пати проблем во боксот.
Потребни ни се подобрувања бидејќи не чинат поени.