Италија Т3: Саинз најбрз, Верстапен со минимално заостанување

Саинз го надмина Верстапен со најбрзото време во Т3 за Големата Награда на Италија.

Карлос Саинз ја продолжи одличната форма на домашна трка на Ферари со најбрзо време на последните тренинзи за Големата Награда на Италија.

Шпанецот го победи Макс Верстапен од Ред Бул втора сесија по ред, со 1:20.912 поставувајќи репер за само 0.086 секунди побрзо од лидерот во првенството.

Луис Хамилтон од Мерцедес беше трет најбрз и вети оживување за Мерцедес по самопрогласениот неуреден прв ден на тренинг во Монца, додека Шарл Леклер се пласираше на 4то место во последниот тренинг.

Фернандо Алонсо беше осум десетинки зад Шпанецот за Астон Мартин на петтото место, зад Шарл Леклер и пред вториот Мерцедес на Џорџ Расел.

Кевин Магнусен постави неверојатен круг за Хаас да заврши седми најбрз и данецот се пласираше пред тимскиот колега Нико Хулкенберг и Вилијамс-от на Алекс Албон, кој го постави своето најдобро време со сет на тврди гуми.

Серхио Перез беше 10ти најбрз, но ги пропушти најдобрите услови на патеката бидејќи Ред Бул работеше напорно за да го реши истекувањето на гориво во близина на погонската единица.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ