Иако сеуште ништо не знаеме за формата на тимовите наредната сезона се чини дека Мерцедес се припрема на големо да се врати во форма и да се бори за титулата.
Оваа година имаа неконкурентен болид и чуден аероконцепт тие работеа напорно и при крајот на сезоната дојдоа до првата победа и борба за топ 3.
Нивниот болид во зависност од трка до трка имаше различни перформанси и тоа беше доста фрустрирачко за тимот.
Најпрво морам да бидам искрен дека не го очекувавме резултатот од Бразил. Мислам дека патеката беше одлична за болидот и се беше во ред. Во Абу Даби ја имавме најлошата трка за нас. Не беше катастрофална но не беше идеално. Тоа го видовме и губевме доста. Не го решивме проблемот ни со намалување на задното крило – изјави Тото ВОлф.
Мерцедес помина долг пат работејќи на своите проблеми и сега се спремни веднаш да реагираат на новите.
Мислам дека ги разбираме проблемите и како решававме еден така се појавуваше друг. Тоа зависи од корелацијата на некои патеки. Но работиме на аеродинамиката на тимот, на височината и слични фактори. Ќе ги решиме во текот на зимата за да имаме стабилна платформа за развој.