Алан Џонс: Ако Рикардо е загрижен, треба да се откаже од Ф1

Ако Даниел Рикардо не сака да ги гледа опасностите од тркањето во Формула 1, тој не треба да биде во спортот, смета легендарниот Ален Џонс.

Моторспортот е опасен спорт и тоа беше истакнато по стартот на трката во Бахреин каде Роман Гросжан излета и удри силно во бариерите, по што неговиот болид се запали, а тој беше заглавен помеѓу бариерите. Возачот успеа да излезе од болидот и помина со минимални изгореници на рацете и зглобовите. Додека останатите возачи го чекаа рестартот, Формула 1 неколку пати ги прикажа снимките од инцидентот. Рикардо го нарече тоа одвратно и нечувствително.

Но, поранешниот Формула 1 возач, Алан Џонс, смета дека ако Рикардо го погодуваат такви инциденти, тогаш можеби е време да се откаже од Формула 1.

Нема лесен начин да се каже, ова е опасен спорт, А сиромавиот Рикардо крева врева колку било нечувствително и глупаво што се покажувале снимките. Сите сакаме да видиме инцидент се додека некој не се повреди, Но во овој спорт, тоа секогаш е можност.

Сеуште не е безбеден спорт, а Даниел коментира за снимките пред да продолжи трката. Ако не е свесен дека вакво нешто може да се случи, тој треба да се откаже – “на прва“ објасни џонс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ