Албон објасни зошто го задржал Леклер

Александер Албон објасни зошто го задржувал Шарл Леклер цел круг во клучните моменти на трката, кога се одработуваа промените на гуми во Монако.

Британецот со тајландско потекло имаше променето на мазни гуми додека Лелер на интермедиа, така што возачот на Вилијамс бил убеден дека има посилен ритам и го задржувал црвеното Ферари зад себе. 

Албон промени на мазни губи многу рано, уште во 18от круг и беше втор возач на гридот, по Мик Шумахер, кој го стори тоа. Но, по промената беше изненаден што добил најтврда компонента, а целел да продолжи со медиум.

Леклер влезе во бокс по интермедиа во исто време како и Виијамсот и излезе од гража многу блиску до Албон на Касино, но возачот на Вилијамс не се помести за да дозволи да биде претекнат за цел круг, по што Шарл остана фрустриан. 

Албон откри дека неговото внимание било одвлечено поради радио комуникацијата во која тимот барал од него да го почитува синото знаме, но тоа беше кчучно време од трката во кое Леклер загуби позиција.

По трката, шефот на тимот, Матиа Биното, посочи дека Албон го забавувал Леклер, а Латифи го забавувал Саинз, но ниту еден од нив не бил казнет.

излеговме на мазни гуми и имавме огромна предност во ритамот, но требаше три кривини за да го пропуштиме затоа што тој не беше доволно брз за да не мине претходно.

во таква ситуација влегувате во ритам, гледате дека сте побрз и си велите зошто да не останам пред него, лесно правам предност, побрз сум на праците и поради тоа ситуацијата беше чудна. си зацртав каде ќе го пропуштам, онаму каде што најамлку ќе изгубам, но знаев дека многу брзо ќе го стигнам и ќе ме забавува – објасни албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ