Васур во одбрана на Ферари за бавниот бокс на Леклер

Леклер влезе доцна во бокс за медиум гуми на крајот од првиот круг на Холандското ГП

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, застана во одбрана на катастрофалното влегување во бокс на неговиот тим уште на почетокот на трката за Големата Награда на Холандија.

Во првиот круг од трката, дождот почна силно да врне на патеката, а последниот сектор стана особено многу влажен.

Шарл Леклер беше еден од првите возачи што замени за интермедиа гуми на крајот од кругот, но повикот беше упатен толку доцна што Ферари ги немаше спремни гумите.

Како резултат на тоа, Леклер стоеше во својот бокс неколку секунди пред да биде вратен на патеката.

Тоа означи уште еден неуспех за италијанскиот тим, кој беше критикуван во последниве години поради недостатоците во стратегијата.

Говорејќи по трката, Леклер призна дека е негова вина што го упатил повикот толку доцна бидејќи дождот станал посилен, но призна дека можеле подобро да го оптимизираат тоа како тим.

Сепак, Васур вели дека Леклер бил во право што го упатил повикот бидејќи би изгубил уште повеќе време возејќи на влажната патека со гуми за сува подлога.

Дождот беше во последниот свиок и тој реши да влезе.

Тоа беше многу задоцнет повик, но мислам дека сепак беше правилна одлука бидејќи бевме во многу подобра позиција од претходно дури и со шест или седум секунди што ги загубивме во боксот.

Сигурно, ако заостанете 10 секунди или пет секунди и го донесете повикот, тоа е многу полесно. Но, нема да се жалам за ова бидејќи тоа беше вистинскиот повик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ