Алези искрен: Треба да сте милијардер за да се тркате во Ф1

Ќан Алези беше сведок на првите, а веројатно и последните кругови на неговиот син во Формула 1 болид на Ферари и констатираше дека само милијардерите имаат можност да се тркаат во Формула 1.

Збогувањето на Џулиано Алеи со Возачката Академија на Ферари беше во Понеделник кога доби можност да вози три години стар болид СФ71Х на патеката во Фиорано заедно со останатите актуелни и млади возачи на екипата. Тоа беше негово деби и први кругови во славниот црвен болид, а се чини дека ќе бидат и последни.

21-годишниот французин годинава ќе се трка во Јапонија затоа што не успеа да ги најде потребнтие финансии за да продолжи во се поскапата Формула 2 серија каде се тркаше лани.

ќе се трка речиси секој викенд во јапонија, нешто што во европа не е можно освен ако не платите многу пари. денеска мора да бидете милијардер за да купите екипа и да завршите во формула 1, а сите места се блокирани од возачи на васур и на волд.

за среќа постои и ферари кои дава мотори на некои формула 1 екипи, но дава и возачи таму. мик шумахер дојде до место за себе на тој начин откако претходно освои формула 2 титула, но без поддршката од маранело тоа немаше да биде можно – изјави алези за Gazzetta dello Sport.

Лани Жан откри дека го продал своето лично Ферари Ф40 за да ја финансира кариерата на синот.

ако го погледнете овој дел од светот, мислам na европа, ништо не се заслужува со способноста и можностите, треба да се плати, плати и само да се плати. тоа е лудо, ова е само спорт во свет во кој треба да платите за да се забавувате. во јапонија сето тоа е многу по фер.

Младиот Алези возеше со бројот 28 на црвениот Ферари стар три години, истиот број со кој татко му Жан се тркаше додека беше активен возач на славниот тим од Маранело.

бројот ме изненади, не можев да верувам дека тој се погрижил за такви детали. јас прв пат тестирав формула 1 во ноември 1990 година, мојот клуб на обожаватели ми кажа дека било 15 ноември, така што е неверојатно што син ми го прави тоа 30 години подоцна.

беше фантастично што го видов во болид на ферари, беше многуу емотивно за мене, но во исто време бев загрижен затоа што тој беше прв на патеката, се беше ладно и незагреано и не сакав да направи глупост затоа што имаше и други кои требаше да возат.

не му беше лесно, но се мина фантастино добро и јас бев радосен за него и горд родител.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ