Алези: Саинз наликува на Прост

Поранешниот возач на Ферари, французинот Жан Алези, изјави дека новиот возач на Скудерија, Карлос Саинз наликува на Алан Прост, возачот кој секогаш беше слаб на квалификациите но беше одличен на трките. 

Наредната недела ќе се исполни сонот на Саинз да вози во Ферари. На младиот шпанец и поранешен возач на Мекларен се очекува да му требаат неколку трки за да добие брзина со новиот тим. Алези е импресиониран од развојот на Саинз како возач.

Луд сум по Шарл и по Карлос за тоа колку пораснаа во последните години. Карлос помина низ многу фази кои не може да се објаснат и Сигурен сум дека ќе се снајде во Ферари и го чекаат добри работи – смета алези.

Французинот се осврна на пристапот на Прост околу подготвувањето на болидот за трка за да ја искористи секоја дадена шанса.  Французинот верува дека Саинз има сличен пристап околу подготовките. 

Главна карактеристика е дека тој знае да ја заврши работата на најдобар начин. Тој сака да работи чекор по чекор и да заврши на најдобар можен начин.

Доколку е петти најдобар на квалификации очекувајте подиум од него. Затоа ме потсетува на Алан Прост кој го правеше истото.

Саинз сака да заврши со одличен резултат. Има слични квалитети и брзина како Леклер. 

Алези верува дека Леклер ќе биде уште подобар оваа сезона бидејќи ќе има силен колега. 

Сакам да видам колку Карлос ќе соработува со Леклер во однос на средување на Ферари бидејќи Леклер веќе имал силни колеги и знае како да се справи со притисокот. Не мислам дека ќе има прв и втор возач, Но вистина е дека ќе има промена кај Леклер бидејќи веќе не е млад.

Од друга страна со колега како Саинз може да прави грешки бидејќи ретко прави грешки. 

Алези смета дека Ферари ќе се поправат, но Мерцедес и Ред Бул ќе бидат посебна класа, а Мекларен и Астон Мартин нема да може да им парираат. 

Мислам дека ќе биде балансиран шампионат. Можеби Мерцедес ќе треба да реши некои проблеми, Луис Хамилтон ќе сака да победува, но мислам и дека Верстапен има болид за да му конкурира.

Зад нив ќе бидат Мекларен и Астон Мартин, а потоа е Ферари. Тестовите покажаа дека се подобрија и дека се побрзи, Но против Мекларен и Астон Мартин нема да биде лесно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ