Алисон: Ботас е достоен за место во Мерцедес

Иднината на Валтери Ботас во Мерцедес сеуште е неизвесна по крајот на неговиот едногодишен договор кој завршува на крајот на годината, а техничкиот директор на тимот, Џејмс Алисон, смета дека финецот докажал зошто е дел од шампионската екипа.

Валтери направи грешка и се изврте во боксот во Петок за што доби казна од три позиции на стартот, се квалификуваше на 2ро место, а поради казната стартуваше како 5ти. Одработе одлична трка и заврши на 3то место бранејќи се од нападите на Серхио Перез од Ред Бул.

Како негова замена во Мерцедес најчесто се споменува Џорџ Расел, но Алисон смета дека на Штаерското Гранд При Валтери докажал зошто тимот верува во него.

секако дека покажа решителност и покажа зошто е дел од екипата. достоен е за место во оваа екипа, врвен возач, а последниот викенд и тоа што го покажа многу му помогна на тимот – објасни алисон.

Џејмс не сакаше да шпекулира за иднината откако беше запрашан дали тандемот на сегашни возачи ќе остане во Бракли и следната година.

не сум јас одговорен за тоа и не сака мда шпекулирам, искрено. давајцата се одлични возачи, формираат одличен тандем и одлично работат заедно, но не би шпекулирал ништо повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ