Алисон: Мораме да откриеме зошто толку се мачиме во Монако

Техничкиот шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, смета дека екпата мора итно да откри зошто толку се мачат во Монако откако и оваа сезона немаа добро Гранд При низ улиците на Монте Карло.

“Сребрените“ го загубија водството во шампионатот откако Луис Хаимлтон не можеше повеќе од 7мо место, а Валтери Ботас се откажа поради проблеми при промената на гуми. Со таков резултат и Луис “падна“ на второ место во возачкиот поредок зад Макс Верстапен. Тимот се мачеше да се носи со брзината на Ферари и Ред Бул низ Кнежевството и на крајот прифатија дека традицонално патеката не им одговара, откако победија само еднаш во последните 5 години.

ако ги анализирате перформансите на екипата во монако последните неколку сезони ќе видите дека многу тешко победуваме таму, се мачим. иако имаме болид кој е моќен секаде и победува секаде, монако е наша ахилова пета.

иронично за болид чија предност е менаџирањето со гумите, во монако се мачевме и брзо ги трошевме, а тешко ги загревавме. веќе немаме идеи зошто гумите толку брзо се трошеа, толку побрзо од конкурентите и тоа е така неколку сезони по ред.

мораме да ги најдеме принципите кои ги грешиме секоја година на оваа патека, то се повторува и мораме да го прекинеме – смет алисон.

Шампионот Хамилтон смета дека должината наболидот и големото меѓуосовинско растојание е проблемот што ги мачи Мерцедес во монако секоја година.

монако никогаш не е добра патека за нас. имаме долг болид, најдолг на гридот што значи дека е како автобус низ кривините во споредба со останатите кои се покуси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ