Алисон: Новите правила ќе покажат дека не сме доминирале “на среќа“’

Главниот “техничар“ во Мерцедес, Џејмс Алисон, очекува новите правила кои се воведуваат во спортот годинава да покажат дека среќата не стои зад нивната доминација во турбо хибридната ера.

“Сребрените стрели“ ги освоија сите титули од 2014 година освен возачката лани која Луис Хамилтон во последниот круг ја загуби од Луис Хамилтон. Со новата техничка реуглатива која ќе стапи на сила сезонава со цел д асе зближи поредокот и да се донесе повозбудливо тркање, Мерцедес очекува да продолжи да победува.

Радикалните промени, смета Алисон, ќе ни дадат можност да покажеме дека доминацијата не била поради среќа.

се обидуваме да го најдеме вистинскиот пат низ минското поле, ги правиме сите ситници кои сметаме дека се исправни и дека може да донесат одличен болид кој ќе не остави на врвот од гридот.

не е карактеристично за нас да бидеме возбудени за нови правила, но од моја лична перспектива како дел од оваа екипа, сакам нови правила затоа што гледам можност да покажеме дека не сме биле доминантни само поради среќа, туку поради работа. ако направиме се како што треба, ќе доминираме во иднина.

на секоја промена на правило гледаме можност да се натпреаруваме против другит екипи и да докажеме дека заслужуваме да бидеме конкурентни и дека го разбираме тркањето – посочи џејмс алисон.

Инженерот откри колку е тешко да се произведе нов болид, да се валидираат резултатите од работата и задоволството кое произлегува доколку се било согласно очекувањата и планирањата.

сите во тимот го даваме животот за овој спорт и многу повеќе од тоа, а валидацијата и сознанието дека сме направиле добро и со нови правила е прекрасно, брилијантно чувство. тоа ја прави напорната работа и жртва да се исплатува.

огромно е задоволството кога имате чувство дека сте завршиле правилна работа наместо страдањата кога не сте. оваа екипа има култура која таквата можност со нетрпение и возбуда ја пречекува и ќе демонстрираме дека сме вистинска тркачката екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ