Алисон призна: Погрешивме со стратегијата за Хамилтон

Џејмс Алисон верува дека Мерцедес го ставиле шампионот Хамилтон на погрешна стратегија за време на Монако Гранд При што резултираше со фактот што британецот не успеваше да напредува во текот на трката.

Луис беше прв од топ 10 кој влезе во бокс по нови гуми со цел да напредува преку андеркат, но Пјер Гасли кој беше пред него, промени гуми следниот круг и остна пред него по што Хамилтон беше бесен.

разбирам зошто не е среќен, ефективно загубивме доста позиции со стратегијата која ја спроведовме за него.

секогаш се обидуваме да балансирме со стратегијата, но денеска е очигледно дека ја одбравме погрешната опција, луис имаше уште гуми со кои можеше да вози пристојни времиња по круг.

гасли веројатно немаше да сопре наскоро ако не променевме ние и се плашевме дека ќе остане како блокада за нас до крајот на трката.

видовме можност каде можевме да се обидеме со андеркат, но немавме доволно брз излезен круг по боксот и загубивме – откри алисон.

Себастијан Фетел и Серхио Перез промеија гуми подоцна во трката и преку оверкат ги миннаа Хамилтон и Перез, а со 4то место на Чеко, Ред Бул избија во водство кај конструкторите.

по промената, ритамот на гасли беше толку бавен што му дозволи најпрво на фетел, а потоа и на перез да го мине и него и нас.

немавме друга опција затоа што гасли доби подарок кога застана, а потоа кога размислувавме за оверкат, сфативме дека тоа ќе беше далеќно и тешко остварливо.

моравме да се обидеме со андеркат затоа што сметавме дека тоа е подобра опција. со одбирање на таа стратегија секако дека од оваа гледна точка погршивме и загубивме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ