Алисон: Ред Бул не надминаа со развојот

Техничкиот шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, смета дека Ред Бул имаат поголем развој овој викенд во Америка и тоа било пресудно на квалификациите. 

Мерцедес беа подобри на првиот тренинг, но на наредните два тренинга, Серхио Перез беше на врвот, а на квалификациите Макс Верстапен ја освои пол позицијата. Двајцата конкуренти за титулата ќе стартуваат од првиот ред со Перез зад нив, што му дава голема предност на Ред Бул бидејќи Ботас е назад на 9та позиција. 

Можеби бевме послаби и На квалификациите возевме слично на првиот тренинг, но мислам дека Ред Бул имаат многу посилен викенд во однос на развој на болидот.

Мислам дека имавме голема надеж на првиот тренинг, На вториот се мачевме, Но сепак не сме толку силни како на другите трки. Најдобра одбрана е да бидеме брзи.

Доколку имаме разлика пред Ред Бул, мора стратешки да се браниме. Два на еден е подобро за нив, Но мора да сме брзи. Знам дека Луис знае да се снајде. Тој добро ја знае патеката и е еден од подобрите во менаџирање на гумите – посочи британскиот инженер.

Сите од падокот се согласуваат дека ќе има голема деградација поради температурата на патеката и абразивниот асфалт. 

Ќе биде тешко да се одржуваат гумите во посакуваната температура. Надвор е топло и тоа ќе ја одлучи утрешната трка. Болидот што нема да ги прегрева задните гуми ќе оди напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ