Ред Бул казнети 500 евра за пребрзо возење на Верстапен

Не беше едноставна втора слободна тренинг сесија за Макс Верстапен, кој успеа да стигне само до петтото место.

Ред Бул е казнет со 500 евра откако Макс Верстапен возеше пребрзо во боксовите за Големата Награда на Италија за време на вториот тренинг.

Светскиот шампион помина со 84,8 километри на час при ограничување од 80 километри на час.

Како резултат на тоа, Ред Бул ја прифатија паричната казна што ја изрекоа стјуардите.

Не беше непречена сесијата за Верстапен кој успеа да постигне само петто најбрзо време, откако имаше многу сообраќај во неговиот најбрз круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ