Алонсо отворен за Ле Ман

 

Фернандо Алонсо го покажа својот интерес да вози на  24 часа Ле Ман во блиска иднина откако неговиот договор за оваа година отпадна. Шпанецот беше блиску до потврдување на договорот со германскиот бренд Порше пред да потпише со Мекларен-Хонда.

Подоцна договор му беше понуден на Нико Хулкенберг кој го потпиша и ја оствари својата прва победа со Порше, што одново го зголеми интересот на Алонсо.

Размислував да се тркам на Ле Ман, но во иднина. Кога кажувам иднина не мислам веднаш, но може следната година – изјави Фернандо.

Даниел Рикардо изјави дека е голем фан на Ле Ман и оваа година гледал дури 18 часа од 24часовната трка.

Тркање е тоа што го правиме и забавно е. Би било добро да имаме слободен викенд, но по гледањето на трката сфатив дека подобро е да се тркаме.

Интерес за настап на Ле Ман покажа и четирикратниот шампион и возач на Ферари, Себастијан Ветел.

24 часа трка и луѓето си мислат дека се е лесно бидејќи е долга трка и ништо не се случува, но беше одлично да гледате како возачите се откажуваат после првиот круг. Мислам дека таму го има тоа што ние возачите го посакуваме. Да притискаме со секој следен круг подолго време, што ја зголемува забавата. Може да размислам за Ле Ман во иднина. Браво за тоа што го направи Нико.

Ланскиот шампион Луис Хамилтон од друга страна не покажа интерес за тркање во Ле Ман и изјави дека никогаш не гледал трка.

Не ја гледав. Искрено никогаш не сум гледал Ле Ман. Немам некој посебен интерес за тоа. Нормално сакам автомобили но тоа не е нешто што би го гледал или ми било во план.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ