Алфа потврдуваат дека ја намалиле зависностa од Ферари

Алфа Ромео годинава земаат помалку елементи од Ферари, споредено со минатите години, а техничкиот шеф, Јан Мончу, смета дека тоа е вистинскиот пристап за тимот.

Швајцарците користат мотор од Ферари во свотие болиди, но претходно користеа и многу повеќе делови од Маранело, а сем моторот, сезонав земаат и менувач од Скудерија и сето тоа со цел да станат колку што може позависни во своето работење. Тимот од Хинвил имаше огромно подобрување во формата од почетокот на 2022 година споредено со лани каде завршија единствено пред Хаас кај конструкторите.

Мончу потенцираше дека нивната се поголема независност се должи на повеќе причини, не само поради контрола на трошењето, повеќе поради својата слобода.

не користиме ништо од ферари освен мотор и менувач. го намаливме земањето на делови од нив, самите го развиваме резервоарот, надворешната структура за менувачот и задната суспенција. сето тоа од две причини, првата е ограничувањето на трошењето поради што оваа насока е подобра и ни дава повеќе слобода за развој на концепт без никакви ограничувања – посочи мончу.

Алфа имаше лош тест во Барселона, но вториот го одработија многу посилно, покажаа константнос и брзина, додека Ботас и Гуанју беа во поени на двете трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ