Аривабене смета дека Ферари може да профитира од Брегзит

Шефот на Ферари смета дека несигурноста околу излегувањето на Британија од Европската Унија (Брегзит) може да го искористи италијанската екипа.

Планот е на 29 Март следната година Обединетото Кралство да ја напушти Европа, а можно е да биде отежаното движењето на работната сила помеѓу ЕУ земјите и Англија, ако се земе во предвид фактот што 7 од 10 Формула 1 екипи имаат седиште на Југот на Англија. Ферари, Торо Росо и Заубер често пати во минатото се мачеа да дојдат до талентирани инженери поради фактот што нивните седиште се наоѓаа во Италија односно Швајцарија.

Маурицио Аривабене смета дека Брегзит не е идеален за Формула 1 екипите, но тие може да искористат многу.

секако дека ситуацијата не е идеална за формула 1 и јас имам верба дека соодветно решение ќе биде изнајдено. кога велам решение, мислам на решение за формула 1 во целост.

од гледна точка на ферари, доколку се се одвива како што е најавено во моментов, многу талентирани луѓе набрзо ќе тропаат на вратите во маранело. но, тоа не е најдобро сценарио за формула 1 така што се надевам дека ќе биде најдено друго решение за да продолжи историската соработка во тркачката серија и да продолжи развојот на спортот – смета аривабене.

Тото Волф, шефот на Мерцедес, екипа која болидот го развива во Бракли, а моторите во Бриксворт, двете во Англија исто така е загрижен од политичката ситуација.

будно ја следиме ситуацијата затоа што операциите на формула 1 тимот на мерцедес се во британија. нашиот моторспорт оддел има 1.800 луѓе, голем процент граѓани на Европската Унија.

лично гледам да останам надвор од политика, но оваа тема ми е блиска поради тоа што во Европската Унија завршивме пред 70-тина години за да се спречи повторување на светска војна. со текот на времето, особено последните две години се променија повеќе работи, национализмот провладеа во некои земји, се формираа нови сојузи, а старите се раскинуваа.

мое лично мислење, а не на мерцедес е дека ситуацијата треба многу внимателно да се следи и да не се ризкува целата економија на една земја. за нас Брегзит е фактор поради ЕУ вработените кои ги имаме, увезуваме многу работи од унијатаи  првземавме чекори за да не заглавиме во одреден момент. развојот на настаните не е пријатен – анализира волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ