Астон Мартин го посакуваат Верстапен за Ле Ман

Главниот извршен директор на Астон Мартин, Анди Палмер, изјави дека компанијата е заинтересирана да се обиде да го смести Макс Верстапен во нивно возило на легендарниот 24 часа Ле Ман.

Астон Мартин се главни спонзори со Ред Бул Формула 1 тимот, а токму посебен оддел во Милтон Кинс им помогна на производитеите да го развијат патничкиот хипер-автомобил Валкири.

Тркачка верзија на Валкири е планирана за ВЕЦ серијата на издржливост, односно врвната класа која ќе стартува од следната година. Неодамна Макс изјави дека има желба да се трка на Ле Ман и да го има својот татко како партнер крај себе.

филозофски или теоретски би сакал да го имаме кај нас на ле ман. тоа е разговор кој дефинитивно ќе го имаме во иднина и тоа би било супер – смета палмер.

Освен тоа што е главен спонзор и дел од официјаното име на тимот на Ред Бул, Астон Мартин е застапен на болидите и опремите на тимот, а работат и во други области. Не последното Британско Гранд При каде Валкири за прв пат беше возен на Силверстон, Астон Мартин посебно ги брендираше болидите со 007 од познатиот Џејмс Бонд кој традиционално вози “Астони“.

Палмер признава дека толку иницијативи надвор од автомобилите, широката соработка со Ред Бул и конструирањето на “лудиот“ Валкири, не бил возможни кога станал директор на компанијата пред пет години.

изгледа како огромен скок, но се работи за мали чекори. секој ден се бориме, но се бориме за псотигнување на целта која е јасно дефинирана, имаме мапа за раководење со развојот на компаниата кон институција во британија.

планот треба да се оствари до 2024 година, но секој ден остваруваме нови и големи цели. во моментов сме во форма и знаеме што треба да направиме. ако додјете до мал успех, тој се трансформира во голем и на крајот во огромен. потоа работите почнуваат да се случуваат.

замислете го викендот со макс верстапен и пјер гасли на патеките кои одлично одработуваат, а крај патеката историски возила на астон мартин на едно место и џејмс бонд односно даниел креиг до нив.

замислете како е да се постигне тоа за пет години. се чинеше невозможно, а шлагот на тортата беше возењето со валкири – заврши палмер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ