Астон со најдобар резултат сезонава

Астон Марти имаа двоен топ 10 пласман во Сингапур, а освоените поени беа најмногу за нив на една трка сезонава, така што од 9то напреднаа до 7мо место во конструкторскиот поредок.

Ленс Строл и Себастијан Фетл завршија на 6то односно 8мо место соодветно по Марина Беј, немаа инвиденти и стратешки добро одработија по мократа патека. Двајцата имаа силен старт, Себ имаше неверојатно тргнување од 14то место кога по првиот круг беше дури 8ми, а две позиции по стартот напредн и Строл кој тргна од 12то место.

знаев дека морам да бидам агресивен на стартот, така што по почетната трпеливост, морав да притискам силно. проверувам некои линии на минување и одлично ги одбрав, така што среќен сум со тоа – откри себ.

Четирикраниот првак ги замени првичните интермедиа со медиум во 34от круг, но верувам дека можел да има подолга прва серија и тоа му загуби некои позиции, меѓу кои и од колегата.

мислам дека по малку немав среќа со тајмингот на промената. сакав подолго да останам на патеката. мораме да ја преиспитаме таа одлука, а секако дека не беше добро тоа што набрзи дојде безбедносното возило.

Кон крајот на трката Себ беше пред Хамилтон и Макс Верстапен кои ја напаѓаа неговата позиција. Најпрво Луис се обиде да мине, но направи грешка, а Макс буквално во последниот круг нападна и му го превзема местото.

двајцата беа многу побрзи и на ретровизорите гледав дека навистина многу лесно ме следеа. по малку ззглавив зад ленс и тоа не ми помогна во менаџирањето на гумите кои беа лоши на крајот.

по малку лизнав на 5та кривина од последниот круг, макс имаше многу подобар излез, имаат голема максимална брзина и ме мина превземаји ми ја позицијата.

Строл, пак, беше воодушевен од своите перформанси и среќен што заврши трка на толку високо место.

имавме многу 10то места годинава, а имавме и шанси за подобри пласмани, но секогаш нешто ни се случвуаше и останувавме со ситни поени. имавме тешка трка и псресреќни сме што освоивме волку поени – посочи ленс

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ