Ботас останал со помалку пари поради загубената титула на Луис

Валтери Ботас призна дека губењето на шампионската титула на Луис Хамилтон минатат година го чинело многу пари и него.

вистина е затоа што одредени бонуси се врзани со постигнувањата односно освојувањата титули. за среќа не ми беше ништо наплатено однапред, така што немаше потреба да враќам ништо. таков е спортот, понекогаш добивате, понекогаш губите – призна финецот кој потпиша за алфа ромео за оваа сезона.

Иако тој загубен бонус веројатно не е мала работа за вработените на Мерцедес, Ботас откри дека веќе заработил доволно пари во својата Формула 1 кариера за да не мора да се грижи.

јас не мерам такви работи, но во одреден момент повеќе нема потреба да се гледа на парите. тие секако се многу важни во формула 1, но се сеќавам од каде сум, од каде дојдов и што постигнав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ