Ботас откри што му подариле Мерцедес

Валтери Ботас го покажа својот поклон кој го добил од Мерцедес по повод неговото заминување од тимот, но за кој нема место каде да го смести. 

Финецот го напушти Мерцедес по пет години, а во Бракли на негово место доаѓа Џорџ Расел. Финецот беше тимски играч кој му помогна на Мерцедес да ги освои сите конструкторски титули во хибридната ера, а за своите 10 победи и 58 подиуми, Валтери доби неверојатен поклон од тимот. 

Се работи за болидот од 2017 година со кој тој ја освои првата победа во Русија таа сезона кој ќе биде дел од неговата колекција покрај Вилијамс ФВ36.

Бев изненаден од поклонот. Немам каде да го сместам, но Ме изненади колку добро го организираа испраќањето. Тогаш сфатив колку ме ценеле – се присети валтери.

Ботас си замина од Мерцедес со помал бонус бидејќи Хамилтон не ја освоил возачката титула. 

Да, се се одлучи во последната трка. Бонусите се поврзани со достигнувања, Понекогаш може да победиш, а понекогаш не. Не се мери се во пари. Некогаш не е важно колку пари имаш на сметка, но Парите се голем дел од Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ