Бранд смета дека казната за Макс била престрога

Мартин Брандл смета дека казните на Макс Верстапен и Валтери Ботас во пресрет на Катарското Гранд При биле престроги.

Холанѓанецот од Ред Бул се квалификуваше на 2то место, но со 5 позиции казна поради непочитување на двојно жолто знаме на квалификациите, тргна од 7та позиција. Валтери Ботас постви 3то време во Сабота, но беше уназаден три позиции поради непочитување на единечно жолто знаме, додека пријавен беше и Карлос Саинз, но стјуардите утврдија дека тој доволно забавил.

Јасно е дека доктор Хелмут Марко беше целосно незадоволен од казната, а Брандл смета дека истта била престрога.

сметам дека казните за верстапен и ботас во недела беа престроги. фиа, која вообичаено прави неверојатно добра работа со судењето во толку сложен спорт, имаше многу тешки неколку недели откако одлучија да не казнуваат никого по блокирањето на макс верстапен од бразил – напиша брандл.

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен аналитичар и коментатор на Скај, смета дека имало околности поради кои возачите не можеле доволно добро да го видат жолтото знаме.

јас сум целосно за тоа дека жолтите знамиња мора да се почитуваат како врвен приоритет, но од кокпитот во недела возачите беа на својот последен квалификациски круг во последната кривина без јасно видливо развеани жолти знамиња, без светла за предупредување за инцидент на нивниот управувач или порака на знакот од тимот крај стартнио правец.

дополнително, на правецот има полно црвени светла кои покажуваа дека квалификациите се завршени, дрс би повторно овозможен за користње, а патем никој не знаеше што прави тоа алфатаури таму на патеката.

Фактот што Саинз не беше казнет, додека Верстапен и Ботас беа, е нешто што Брандл смета дека дополнително ја искомплицирало ситуацијата, но призна дека Формула 1 во иднина треба подобро да се запознае со Лосаил патеката.

фактот дека карлос саинз беше ослободен затоа што отпуштил гас по болидот во место придонесе за недоразбирањето, но правилата се такви. бевме на целосно нова патека за формула 1 во календарот и тоа многу јасно се виде.

но, на крајот тоа не направи некаква разлика за верстапен освен што загуби шанса да го нападне хамилтон на првата кривина. ботас ќе завршеше на рето место и покрај тешкиот старт доколку не претрше со серија што придонесе за му откаже гумата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ