Бриаторе: Ред Бул порано требаше да промени гуми кај Верстапен

Флавио Бриаторе верува дека доколку Макс Верстапен бил порано повикан во боксот, ќе можел да победи на трката. 

При крајот на трката холанѓанецот можеше да го предизвика Луис Хамилтон и приредија добра борба до самиот крај. Макс стартуваше од пол позицијата и имаше подобар болид во текот на викендот, но не успеа да победи. 

Во Бахреин, мислам дека требаше Макс да победи. Ред Бул требаше да го повикаат порано да менува гуми, Но болидот беше одличен.

На некои трки ќе доминира Мерцедес, но Ред Бул ќе можат да им парираат. ТИе двајца ќе се борат за титулата годинава – смета дон флавио.

Холанѓанецот можеше да направи разлика откако го претекна Хамилтон доколку не му се закануваше казна, а Бриаторе го подржува во тоа. 

ТОа беше коректна одлука од тимот бидејќи воочија дека излегол целосно надвор од патеката и таков повик е нормален. 

За проблемите на Ферари, Бриаторе го даде своето мислење. 

Ќе биде тешко за нив да дојдат на подиум бидејќи Мерцедес и Ред БУл се премногу силни.

ферари добри возачи, но имаат проблем со болидот. 

Бриаторе не пропушти да го искоментира и својот клиент, Фернанди Алонсо, кој не ја заврши трката. 

Зборував со Фернандо и тој е разочаран од позицијата во која е. Рено мора да дадат се од себе за наредната година. Тој ја имаше таа несреќа да му се заглави пластика и да му ги уништи сопирачките. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ