Бриаторе: Ферари нема лидер

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено, италијанецот Флавио Бриаторе, се согласува со Берни Еклстон дека во Ферари недостасува лидер. 

По последната криза во Маранело, Еклстон изјави дека тој би го донел дон Флавио  како замена за инженерот Матиа Биното, кој до неодамна беше технички шеф на екипата од Маранело.

Има некои луѓе кои го следат тешкиот пат, а некои кои одат по комплицираниот. Во овој момент тоа е Ферари – смета бриаторе.

Биното неодамна призна дека тој веќе не е шеф на тимот и технички директор во исто време затоа што во Маранело создале нова структура согласно која нема јасен технички директор, нешто што за Бриаторе беше проблем. 

Ферари имаат важна работа и големо име каде секој возач сака да вози, Но веќе неколку години имаат проблеми. Имаат одлични возачи и немаат победи и за тоа мора да има причина. Причина за тоа е што нема лидер во Ферари. Нема јасен лидер да повлече. Таму се оди во повеќе насоки и ова се резултатите. Ова Ферари не е Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ