Бриаторе: Ферари секогаш се надева на следната година

Поранешниот тимски шеф на Бенетон и на Рено, италијанецот Флавио Бриаторе, се потсмева на најавите на Ферари дека наредната година ќе бидат во топ 3. 

Дали Ферари ќе ја намали разликата наредната година? Секоја година зборуваат зa наредната. Тоа е се што слушаме од Ферари, наредната гдоина. 

Сепак Бриаторе е задоволен од тоа што Мик Шумахер ќе вози за Хаас наредната година. 

Тоа е фантастично за сите, за спортот за него и за семејството. Допрва ќе дознаеме дали тоа е добро за Формула 1. 

Дон Флавио не се сомнева во талентот на Џорџ Расел, кој ќе дојдеше до првата победа во кариерата и тоа на местото на Луис Хамилтон во Мерцедес. 

Сведоци сме на доаѓањето на момчето за кое никој не знаеше, а тие не му помогнаа да победи. Тимот направи грешка, Тие направија се само за да не победи. Доколку не беше тоа, тој лесно ќе победеше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ