Британија го спречи Де Врис да тестира во симулатор пред Сингапур

Ник де Врис следната недела патува во Сингапур каде би можел да ја повтори својата улога како замена на Алекс Албон во Вилијамс.

Холанѓанецот, кој е во трка за слободните тркачки места во Вилијамс, но исто така и за Алпин и АлфаТаури за 2023 година, тестираше болид стар една година на Алпин во Унгарија оваа недела. Тој потоа беше на пат за Велика Британија на тестирање во симулатор пред Сингапур, но не можеше да лета бидејќи британските регулативи повеќе не дозволуваат патниците да користат само европска лична карта.

Патувањето во Обединетото Кралство е откажано, наместо тоа, одам дома – откри тој на социјалните мрежи.

Повеќето инсајдери се согласуваат дека второто последователно излегување на Вилијамс сè уште претстои за Де Врис, бидејќи редовниот возач Албон сè уште се опоравува од компликациите од неговата неодамнешна операција на слепото црево.

Се чувствувам прилично добро – рече Албон кон крајот на минатата недела. Почнувам да шетам наоколу.

Целта е да бидеме подготвени за Сингапур, што ќе биде тешко. Тоа е една од најтешките трки на кои одиме, така што не е лесно. Но, ајде да целиме високо.

Во меѓувреме, доколку Де Врис потпише со АлфаТаури следната година, тој би станал тимски колега на Јуки Тсунода, откако јапонскиот возач сега веќе е потврден за 2023 година. Во соопштението за печатот за новиот договор на Тсунода не се споменува Пјер Гасли, кој иако е веќе под договор за 2023 година, се очекува да се пресели во Алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ