Васур: Алфа е на друго ниво годинава

По тешките борби во 2021 година, Фредерик Васур е охрабрен да ја види Алфа Ромео како се натпреварува на поинакво ниво во врвот од среден ред оваа година.

Валтери Ботас успеа да се пласира во К3 во двете трки сезонава, а двата болиди на Алфа Ромео беа достојни за позиции што испорачаа поени досега во 2022 година. Жу Гуанју го освои својот прв Формула 1 поен во Бахреин и беше фрустриран што заврши само на 11то место во Џеда, откако беше казнет со пет секунди во трката.

Со оглед на тоа што Алфа Ромео минатата година заврши на претпоследното место во поредокот, само пред Хаас, нивниот тимски шеф беше разочаран што излезе од Џеда со празни раце, откако Ботас исто така мораше да се откаже.

Имавме помалку од една десетинка заостанување од петто место во квалификациите во Саудиска Арабија. Тоа е прилично охрабрувачки за тимот, бидејќи по Бахреин, на друга патека покажавме дека темпото го имаме и дека можеме да бидеме на висока позиција на секоја патека и toa е добро за нас. Но, тогаш е штета да не се освојат големи поени во оваа ситуација.

Мислам дека сигурно сме малку разочарани затоа што заминуваме со нула, но од друга страна, пред една година не бевме никаде, бевме надвор во К1, Но ова сега е поинаков свет.

Ботас, исто така, беше задоволен од неговото постигнување досега, земајќи инспирација од перформансите на болидот на неговиот нов тим и отиде толку далеку кога рече дека не можел да сонува за подобар почеток со тимот на Хинвил, откако заврши на шесто место во Бахреин. Ако продолжат со нивната стапка на напредок, финецот може да предвиди плодна сезона пред нив.

Мислам дека ова беше најдоброто сценарио за нашата прва заедничка сезона што некогаш можев да го замислам со информациите што ги имав.

Значи, да, дефинитивно сум навистина среќен со одлуката што ја донесов, а среќен сум и генерално, па да, уживам во тоа.

Ако можеме да продолжиме да го подобруваме болидот, нема сомнение дека во иднина треба да можеме секогаш да се бориме за К3 и топ 10 места, па тоа е добро да се види.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ