Васур откри кога почнале преговорите со Ферари

Новиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, објасни и откри како течел процесот на негово ангажирање за шеф на славната екипа од Маранело.

Французинот беше донесен како замена за Матиа Биното кој не усеваше да нападне соодветно за титулата, беше силен на почетокот на сезоната, но перформансите опаѓаа, а грешките стануваа се почести како одминуваше годината. Ветеранот Васур има задача да донесе титула за Скудерија која недостасува уште од 2008 година.

се беше јасно и покрај тоа што се појавија шпекулации за време на последната трка од сезоната во абу даби. пред крајот на првенството не разговаравме, првите контакти беа една недела по трката и процесот беше многу, многу брз, а потоа ми се јави и матиа.

за време на предавањето на должноста се сретнав со него и разговаравме во четири очи, така што сум му многу благодрен затоа што го ценам тоа што ме почека д дојдам и да разговараме за доброто на ферари – откри васур.

Освен Алфа Ромео односно Заубер, Фред иа искуство и во шефување со Рено, како и неговиот АРТ Гранд При Формула 2 тим.

мојот пристап кон тркањето е таков што смета дека денеска мораме да завршиме подобра работа од вчера. можеби некој ден екипата е во добра форма, но во себе морате да бидете свесни дека може уште подобро.

она што можам да го донесам во тимот веројатно е големото искуство од 32 години крај патеката и со тркањето. се надевам дека тоа ќе му помогне на ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ