Васур: Срамота е што Пичи споделувал приватни разговори

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фред Васур, изјави дека е срамота што поранешниот претседател на Заубер, Паскал Пичи, споделувал лоши работи за тимот во јавноста. 

Откако си даде оставка во Заубер, тој го обвини Васур за неговото заминување. Швајцарецот за моторспорт изјави дека не сакал да се поврзува со менаџментот на Фред Васур во иднина и дека начинот на кој возачите се бирани бил проблем помеѓу него и моменталниот менаџмент. 

Пичи, сепак, не појасни дали не е среќен што Ботас е дел од тимот или тоа што пристигнал Жу. Сепак, подоцна, тој откри дека е среќен што кинезот е дел од Алфа Ромео. Ова доведе до шпекулации дека одлуката на Алфа Ромео да се осамостои од Ферари го фрустрирала Пичи. 

Тоа е негова одлука. Срамота е што повикал новинар и имал интервју. Вакви работи се разговараат во бордот и таму треба да останат затоа што Тоа не е јавен состанок.

Тимот треба да е мирен и да мисли на иднината и потребно е да имаме внатрешни дискусии. Одлуката за возачите никогаш не е лесна и има повеќе фактори. мислам дека е вистина дека сите тимови размислуваат за иднината и како да се поправат. Тоа е клучна точка и не е лесна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ