Верлејн сака да ја искористи ДТМ за да се врати во Ф1

Паскал Верлејн потпиша договор за да се трка во ДТМ серијата за Мерцедес претсојната сезона, но негова цел е враќање на Формула 1 гридот во 2019 година.

Германецот го загуби своето место во Заубер, а не најде празно место за претстојната сезона и ќе мора да се задоволи со германската тјуринг серија.

Мислам дека една сезона во тешка и конкурентна серија како што е ДТМ многу ќе ми помогне за да се вратам во Формула 1. Ако сум силен и брз од почетокот тоа ќе ме стави во многу поволна позиција.

Но, не сум размислувал многу за тоа поради тоа што сакам да дадам се од себе годинава и да покажам дека вредам.

Се надевам дека позицијата во пресрет на следната година ќе ми биде многу подобра и посилна – изјави Паскал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ