Верстапен: Бојкотот кон Скај заврши

Двократниот Формула 1 првак, Макс Верстапен, изјави дека нема повеќе да ги бојкотира британците од Скај Спортс. 

Холанѓанецот и целиот тим Ред Бул ги бојкотираа интервјуата и новинарите на Скај во Мексико поради непочитување. 

Оваа година бев доста константен, но некој не ме почитуваше и Нема да го прифатам тоа.

Нема да живеам во минатото, Мора да се оди напред. Социјалните медиуми се многу токсични и работата станува полоша. Доколку не ме почитуваат, нема да го толерирам тоа – објасни холанѓанецот.

Ред Бул го подржаа својот возач во бојкотот. Во Бразил холанѓанецот зборуваше со новинарот на Скај, Дејвид Крофт. 

Мислам дека може да продолжиме. Мора да се повлече линија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ