Верстапен и Хамилтон сакаат Рикардо да остане во Ф1

По вестите дека Даниел Рикардо ќе го напушти Мекларен на крајот на годината, неговиот поранешен колега Макс Верстапен и седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, му дадоа подршка на австралијанецот. 

По неколкунеделни шпекулации се потврди дека тој ќе го напушти тимот една година порано. Тој изјави дека наскоро ќе ги објави и плановите за иднината, но неговиот поранешен колега Верстапен разбира како се одвивале настаните. 

Знам дека Даниел беше во ситуација каде не му одговара болидот. Немаше никакво подобрување во ниту еден момент и мислам дека е подобро да си бара друга насока.

Така се одвиваат работите, Тој е одличен за Формула 1. Добро се согласувавме и мислам дека ќе си најде место. Не знам каде сака да оди, но сигурно има место за него. 

Рикардо доби подршка и од Хамилтон. Тој верува дека сеуште има што да даде за спортот. 

Штета е за Даниел бидејќи заслужува место во спортот. Се надевам дека ќе најде место бидејќи има уште многу што да понуди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ