Верстапен: Не би сакал да се врати 33 на болидот наредната година

Макс Верстапен на промотивното видео за Ред Бул го промовираше бројот 1 и се надева дека бројот 33 нема да се врати на неговата шасија следната година. 

Откако ја освои титулата минатата сезона, Верстапен ја прекина серијата на Луис Хамилтон, кој не стигна да дојде до рекордната 8ма титула. Холанѓанецот се одлучи да го користи бројот 1 кој не е користен од 2014 година од времето кога со тој број возеше тогашниот првак, Себастијан Фетел. 

На промотивното видео, возејќи на мраз за Ред Бул за прв пат го видовме бројот 1. 

Не ни сфатив кој број е на болидот. Мислам дека тој број е најдобриот од сите. не се мислев многу пред да го изберам. Се надевам дека бројот 33 нема да се врати назад на мојот болид. 

Во краткиот клип, тој вози со болидот РБ12 на мраз и снег во Австрија. 

Ова е прв пат да возам Формула 1 болид на мраз. Беше доста интересно и лизгаво. Треба да се внимава. Се е многу ладно вклучувајќи ги и сопирачките бидејќи овие болиди не се направени да возат на мраз. 

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ