Верстапен не уживал во Сингапур

Актуелниот првак, Макс Верстапен, се бореше во средниот ред на патеката Марина Беј во Сингапур и заврши на седмата позиција.

Тој можеше да ја освои титулата, но имаше лош старт и падна на 12та позиција по крајот на првиот круг, по што мораше да се мачи во средината на поредокот.

Не уживав воопшто. Мора да бидеме конкурентни напред и ова е фрустрирачки да сум заглавен назад и со проблем на стартот. Подоцна ги блокирав тркалата и бев назад со уништени гуми – свесен е холанѓанецот.

По рестарот поради безбедносното возило, Верстапен се обиде да го престигне Норис во седмиот свиок, но излета промашувајќи ја точката на кочење.

Се обидов да го престигнам Ландо, но не успав во тоа и ми се блокираа тркалата. Со новите гуми се вратив во поени, но не каде што сакав.

Се мачев на нормалната линија при кочење и поминав покрај него. Кочев навреме, но неуспешно. Секако ми се блокираа тркалата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ