Верстапен незадоволен: Фрустрациите започнаа од грешката во квалификациите

Макс Верстапен смета дека тешкиот викенд во Сингапур почнал со грешката во квалификациите кои ги заврши на разочарувачко 8мо место.

Возачот на Ред Бул доби инструкции во Сабота да го прекине својот летечки круг затоа што екипата била загрижена за евентуална дисквалификација предизвикана од недоволно количество гориво во болидот. Почетокот на трката повторно беше проблематичен за него затоа што му се уклучи системот против гасење на моторот и од 7мо “падна“ на 12 то место.

не знам што и како се случи на почетокот затоа што ги следев нормалните и воовообичаени процедури – посочи актуелниот првак.

Холанѓанецот напредуваше низ поредокот и безбедносното возило одлично му дојде откако Јуки Тсунода заврши во ограда со својот АлфаТаури. Но, додека се обидуваше да го претекне Ландо Норис на рестартот, беше претерано амбициозен, ги блокираше предните тркала и си ги уништи гумите.

штом дојдов во солидна позиција, се обидов да го минам ландо, но некако целосно го промашив кочењето, гумите целосно ги уништив и морав повторно во боксот по нови пневматици.

При крајот на трката, тој го мина Себастијан Фетел за 7мо место, но остана фрустриран затоа што од квалификациите понатаму немаше добар викенд. Во моментов тој има 100 поени предност пред Шарл Леклер, така што е веројатно дека титулата ќе ја освои на следната трка во Јапонија.

шампионатот не е проблем затоа што имаме огромна предност, но боли викендот кој беше многу фрустрирачки. можам да кажам дека не е битно затоа што имаме уште пет трки и големо водство, но јас сакам да имам добра трка секој викенд, а оваа беше ужасна. се почна со глупоста од квалификациите. се вратив во добри поени, но не го посакував тој пласман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ