Верстапен: Нормално да не те сакаат кога секогаш победуваш

Макс Верстапен беше иссвиркуван од страна на публиката во Мајами , но изјави дека нема проблем со тоа знаејќи дека потекнува од неговиот огромен успех во Формула 1.

За време на најавата пред трката, Верстапен беше соочен со многи иссвиркување додека беше претставен и најавен од страна на раперот LL Cool J. Публиката беше сосема различно расположена кон осанатите возачи, навистина громогласно беше поздравен седумркратниот првак Луис Хамилтон како и мексиканецот Серхио Перез.

Верстапен е двократен поседователен шампион и лидер во возачкиот поредок во моментов и силен фаворит да го освои и годинешниот наслов со оглед на предноста од 14 поени која ја има во моментов.

мислам дека ако возев на опашката од поредокот никој немаше да има реакција кога ме претставуваа, но вообичаено и нормално е да не ве сакаат кога константно победувате. јас немам проблем со свирежите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ