Верстапен: Овој успех тешко дека ќе се повтори

Макс Верстапен изјави дека рекорднава година ќе биде тешко да се повтори откако на последната трка стигна до рекордна 15та победа во текот на една сезона.

Верстапен доминираше на Јас Марина и дојде до 34та победа во кариерата и трета последователна. Тој заврши со предност од 146 поени пред Шарл Леклер во возачкиот поредок и очекува поголем предизвик наредната сезона од Мерцедес и Ферари.

Навистина уживав во работата со целиот тим и успехот што го постигнавме. Знам дека ќе биде тешко да се повтори успехот како оваа година, но имаме мотивација и ќе го повториме истото следната сезона.

Беше добра трка и со менаџирање на гумите. Бевме добри на медиум и добро ги менаџиравме хард до крајот. Победивме тука повторно и уште 15 пати оваа сезона што е неверојатно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ