Верстапен очекува пресврт во Мајами

Влажното време се очекува да донесе непосакувана драма во Мајами за Макс Верстапен кој на вториот тренинг заврши 3 десетинки побрзо од било кој.

Но, најавите за дожд на трката ја поткопуваат неговата самодоверба, откако на првиот тренинг тој беше зад Мерцедес и Леклер. Од симулациите на квалификации, се чини дека Верстапен е недопирлив и заврши 0,385 секунди побрзо од Саинз.

Имав добар ден. Патеката еволуираше во текот на денот. Имав добар баланс иако Надвор од тркачката линија е лизгаво, но беше добро. Надвор од неа немаш толку грип, Но исто е за сите – вели актуелниот првак.

Се очекува дожд во текот на викендот во Мајами и тоа е непосакуван пресврт за Ред Бул кој доминираше на првите трки.

Мора да работиме на неколку работи во текот на ноќта. Сакаме да сме брзи во секој свиок, но тоа не е секогаш можно и ќе видиме дали времето ќе не послуша.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ