Верстапен: Ферари не се откажаа од титулата

Макс Верстапен не верува дека титулата му била подарена од грешките на Ферари. 

По првите три трки во сезоната, тој беше на шестта позиција во возачкиот поредок со заостанување од 46 поени зад Шарл Леклер, но поради грешките на Ферари и проблемите со издржливоста, тој сега води со 80 поени. 

Мислам дека сите даваат се од себе да направат што е можно подобро. Мислам дека е тешко да се коментира дали некој намерно прави некои работи бидејќи сите сакаат најдобар резултат. јас го правам истото како и мојот тим. Понекогаш имаме подобри викенди.

Можеби загубивме неколку поени, но секогаш даваме се од себе да одработиме како вистинска екипа. 

Верстапен додаде дека нема да го промени стилот на наредните трки бидејќи цели да ја зголеми разликата. 

Не планирам да се променам. Мислам дека како тим сакаме уште победи и ќе се потрудиме да го направиме тоа по паузата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ