Вилнев го критикува Леклер за тимското радио

Поранешниот шампион, канаѓанецот Жак Вилнев, изјави дека Шарл Леклер се однесувал како прв возач на тимското радио во Силверстон. 

Макс Верстапен имаше оштетување на болидот и ја загуби победата, но Ферари пропушти одлична шанса за еден два победа со што Леклер е назад во игра за титулата и Ферари за конструкторксата титула. Но се промени ситуацијата откако Саинз не можеше да го постигне таргетираното време и мораше да ги заменат позициите. 

Со појавувањето на безбедносното возило, Ферари не го повика Леклер во боксот и тој со стари гуми падна на четврта позиција. Вилнев смета дека Леклер се однесувал како прв возач и покрај стратешките грешки на тимот сепак не требало да се однесува така на радио. 

Мора да зборувам за Ферари, Леклер беше доста брз со скршено предно крило. Можеби дизајнот им е таков, Но немаше логика да го остават на хард гуми кога се појави безбедносното возило.

Ферари продолжуваат со грешките. Можеби Саинз сакаше да го сопре Хамилтон или се уплашија Хамилтон да не го сопре Леклер, Но ова е пример за конзервативна стратегија. Тој треба да знае како да комуницира со тимот.

Саинз беше побавен, но имаа шанса за еден два победа. Во моментот кога не промени гуми, ја загуби трката. Сеуште е рано за прв возач, но Саинз има шанса.

МИслам дека Ферари не се среќни со тонот на Леклер преку радиотот. Мислам дека беше доволно за Леклер дека му е кажано на Саинз да забрза, Но сигурно го решиле зад затворени врати. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ